Климатските промени не се само популарна фраза која често ја слушаме, напортив, се реалност која ја живееме и не подразбираат само еколошки проблеми, туку влијаат и на социјалната и економската стабилност на нашите заедници, а со тоа се повеќе се закана за светот утре.

Директно или индиректно сите ние придонесуваме за состојбата во која се наоѓа светот денес, но тоа значи и дека сите ние можеме да направиме по нешто за да ја направиме нашата средина подобро место за живеење.

Сите ние бираме дали ќе бидеме набљудувачи на предизвиците кои ги создаваат климатските промени или активни креатори на решенија и иновации за подобро утре.

Како можеш ти директно да придонесеш кон решавање на предизвиците кои се резултат на климатските промени?

💫Образование и информирање:

Пред се, важно е сите да ја разбереме сериозноста на климатските промени и начините како можеме да придонесеме кон решавање на предивиците кои ги носат.

Затоа информирај се, а потоа сподели го знаењето со сите околку себе за последиците од климатските промени.

Можеби ќе инспирираш и поттикнеш некој околку тебе активно да се вклучи со борбата со намалување на последиците од климатските промени.

📢Активизам:

“Можеби еден човек, не може преку ноќ да го смени светот, но група на луѓе со иста цел дефинитивно можат“

Секој од нас е одговорен да прави значајни позитивни промени секој ден, но делувањето во заедница формирана со заедничка цел е клучот за големи промени!

Вклучи се во проекти и организации каде ќе можеш да ги оствариш твоите идеи и да придонесеш кон големи и ефикасни промени.

Борбата со климатските промени не е само на владите и институциите, сите граѓани и млади луѓе можат да бидат движчка сила во креирање на иновации со цел вклучување во борбата против климатските промени.

Кампот за социјални иновации е одличен почеток.

🔭Иновации:

Секоја голема иновација која го сменила светот започнала со една навидум мала идеја.

Истражувај и развивај идеи и иновации кои ќе помогнат во борбата со последиците од климатските промени.

Секако најважниот дел е да не ги чуваш во себе, секогаш кажи ги гласно и пробај да ги реализираш.

Итноста од иновации за справување со климатски промени е огромна, и никако не припаѓа само на владите и институциите.

Сите ние имаме моќ и можности, со активно ангажирање, креативни иновации и здружвање да ги земаме работите во свои раце и да го оставиме нашиот белег за подобро утре.

Затоа никој од нас не треба да чека!

Сите ние можеме да решиме уште денес да го искористиме својот потенцијал и да станеме активни креатори на решенија и иновации за подобро утре.

Published On: September 13th, 2023 / Categories: Блогови /