ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ
Иновирај за животната средина

Аплицирај за учество на иновацискиот камп посветен на предизвикот Промоција и едукација за богатствата на Ботаничка градина-Скопје каде што ќе имаш можност во рок од 48 часа во тим од 5 луѓе да работиш на креирање на најиновативното решение. Победничкиот тим добива 120.000 денари за реализација на решението.

ШТО Е ИНОВАЦИСКИ КАМП?

Иновацискиот камп е техничко-технолошки настан за студенти на кој се генерираат нови и возбудливи идеи, справувајќи се со предизвик на заедницата, а во нашиот случај животната средина и климатските промени.

КАКОВ ПРЕДИЗВИК ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА РЕШИМЕ?

Предизвикот за првиот Иновациски камп е Промоција и едукација за богатствата на Ботаничка градина-Скопје. Детален опис на предизвикот има на следниот ЛИНК.

ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?

Потребно ти е практично искуство во твоите студии?

Сакаш да бидеш дел од интердисциплинарен тим од мотивирани студенти?

Имаш интерес за дизајнирање едукациски искуства, визуализација на податоци и простори, кодирање, биологија и слично?

Учеството на иновацискиот камп ќе ти овозможи:

  • Да развиеш вештини кои не секогаш се учат на факултет (тимска работа, креативност, решавање на проблеми, работа под притисок)
  • Да работиш со студенти од различни области, насоки и вештини
  • Да учиш од стручни ментори кои ќе бидат дел од Инокампот
  • Да стекнеш ново знаење од делот на животната средина и предизвикот на кој ќе работиш
  • Да освоиш 120000 денари и да го реализираш победничкото решение

КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ЕДЕН ИНОВАЦИСКИ КАМП?

Инокампот ќе биде практично, иновативно и забавно искуство со времетраење од 3 дена. Инокампот ќе се одржи од 18 до 20 декември во Скопје.

На Инокампот ќе учествуваат 25 студенти, кои ќе бидат индивидуално избрани, а на самиот настан според посебна методологија ќе бидат поделени во 5 тима по 5 учесника.

Интензитетот и динамиката ја одредуваат самите учесници, а ние како организатори ќе се погрижиме да ги имате сите услови за да издржите 48 часа.

Ветуваме неограничено кафе, ограничена храна и пијалоци и неограничено користење на fun зоната на Инокампот. За секој тим ќе има и мал буџет за крерање на сопствен прототип.

Инокампот ќе кулминира со Pitching сесии на секој тим пред жири комисија на третиот ден. По завршувањето на сесиите ќе биде прогласен победникот.

Како бонус од организаторите на 20 декември ќе организираме и иновациска журка за сите учесници.

За сите учесници ќе бидат обезбедени сертификати.

Генералната агенда на настанот ќе биде следна:

ДЕН 1: Старт во 13.00

Попладне Запознавање, поделба во тимови
Навечер Генерирање на идеи

ДЕН 2: Старт во 09.00

Наутро Развивање на решенија, прв check-point со ментори
Попладне Развивање на решенија, втор check-point со ментори
Навечер Турнир, Развивање на решенија
Навечер Четврт check-point со ментори, развивање на прототипи

 

ДЕН 3: Старт во 10.00 крај во 15.00

Наутро Подготвка на презентации
Попладне Pitching и избирање на победник
Навечер Хакатонска журка

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА

Повикот е отворен за сите студенти од природните и техничките науки кои што се запишани на еден од акредитираните универзитети во С. Македонија.

Студенти од општествени науки ќе бидат земени во предвид само доколку имаат специфично искуство во делот на природните и техничките науки како и животната средина, а поврзани со специфичниот предизик

Аплицирањето е со пополнување на следната ФОРМА.

Рокот за аплицирање е 03 декември

Критеримуите за избор се следни:

КРИТЕРИУМИ ПОЕНИ
1 Ниво на вештини кои студентот ги поседува а кои можат да бидат употребени во тимот за време на Инокампот 25
2 Мотивација за учество 25
3 Релевантност на студиите со предизвикот на хакатоно 15

Сите трошоци поврзани за време на Инокампот (храна и пијалаци) ќе бидат обезбедени од организаторите.

Студентите кои ќе бидат избрани и доаѓаат надвор од Скопје ќе им бидат покриени патните трошоците и трошоците за сместување во Скопје.

ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ЕДЕН ЦИКЛУС

1 Отворање на повикот 7 ноември
2 Краен рок за апликации 03 декември
3 Избор на учесници 06 декември
4 Подготвителна сесија за 25 избрани учесници (онлјан) 11 декември
5 Иновациски камп 18-20 декември
6 Реализација на победничко решение јануари-март 2024

 

Проектот „Иновациски кампови во сорабока со Мрежата за искуствено учење“ е реализиран од Здружението LEAD со финансиска поддршка на УНИЦЕФ и Шведска.