ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ
Хакирај за животната средина
Аплицирај за учество на иновацискиот камп посветен на предизвикот Лоцирање на балканскиот рис каде што ќе имаш можност во рок од 48 часа во тим од 5 луѓе да работиш на креирање на најиновативното решение. Победничкиот тим добива 120.000 денари за реализација на решението.
ШТО Е ИНОВАЦИСКИ КАМП?
Иновацискиот камп е техничко-технолошки настан за студенти на кој се генерираат нови и возбудливи идеи, справувајќи се со предизвик на заедницата, а во нашиот случај животната средина и климатските промени.
КАКОВ ПРЕДИЗВИК ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА РЕШИМЕ?
Предизвикот за првиот Иновациски камп е Лоцирање на балканскиот рис на територијата на Северна Македонија. Детален опис на предизвикот има на следниот ЛИНК.
ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Дали имаш познавања од развивање на конструкции и развој на софтвер за визуелизација на податоци?
Дали си заинтересиран да работиш на истражување за евиденцијата и движењето на балканскиот рис?
Учеството на иновацискиот камп ќе ти овозможи:
- Да развиеш вештини кои не секогаш се учат на факултет (тимска работа, креативност, решавање на проблеми, работа под притисок)
- Да работиш со студенти од различни области, насоки и вештини
- Да учиш од стручни ментори кои ќе бидат дел од Инокампот
- Да стекнеш ново знаење од делот на животната средина и предизвикот на кој ќе работиш
- Да освоиш 120000 денари и да го реализираш победничкото решение
КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ЕДЕН ИНОВАЦИСКИ КАМП?
Инокампот ќе биде практично, иновативно и забавно искуство со времетраење од 3 дена. Инокампот ќе се одржи од 26 до 28 октомври во Скопје.
На Инокампот ќе учествуваат 25 студенти, кои ќе бидат индивидуално избрани, а на самиот настан според посебна методологија ќе бидат поделени во 5 тима по 5 учесника.
Интензитетот и динамиката ја одредуваат самите учесници, а ние како организатори ќе се погрижиме да ги имате сите услови за да издржите 48 часа.
Ветуваме неограничено кафе, ограничена храна и пијалоци и неограничено користење на fun зоната на Инокампот. За секој тим ќе има и мал буџет за крерање на сопствен прототип.
Инокампот ќе кулминира со Pitching сесии на секој тим пред жири комисија на третиот ден. По завршувањето на сесиите ќе биде прогласен победникот.
Како бонус од организаторите на 28 октомври ќе организираме и иновациска журка за сите учесници.
За сите учесници ќе бидат обезбедени сертификати.
Генералната агенда на настанот ќе биде следна:
Ден 1: Почеток во 17.00 часот
Попладне | Запознавање, поделба во тимови |
---|---|
Навечер | Генерирање на идеи |
Ден 2: Почеток во 09.00 часот
Наутро | Развивање на решенија, прв check-point со ментори |
---|---|
Попладне | Попладне Развивање на решенија, трет check-point со ментори |
Навечер | Турнир, Развивање на решенија |
Навечер | Четврт check-point со ментори, развивање на прототипи |
Ден 3: Почеток во 10.00 крај во 15.00
Наутро | Подготвка на презентации |
---|---|
Попладне | Pitching и избирање на победник |
Навечер | Хакатонска журка |
УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА
Повикот е отворен за сите студенти од природните и техничките науки кои што се запишани на еден од акредитираните универзитети во С. Македонија.
Студенти од општествени науки ќе бидат земени во предвид само доколку имаат специфично искуство во делот на природните и техничките науки како и животната средина, а поврзани со специфичниот предизик
Аплицирањето е со пополнување на СЛЕДНАВА ФОРМА.
Рокот за аплицирање е 15 октомври
Критеримуите за избор се следни:
КРИТЕРИУМИ | ПОЕНИ | |
---|---|---|
1 | Ниво на вештини кои студентот ги поседува а кои можат да бидат употребени во тимот за време на Инокампот | 25 |
2 | Мотивација за учество | 25 |
3 | Релевантност на студиите со предизвикот на хакатоно | 15 |
Сите трошоци поврзани за време на Инокампот (храна и пијалаци) ќе бидат обезбедени од организаторите.
Студентите кои ќе бидат избрани и доаѓаат надвор од Скопје ќе им бидат покриени патните трошоците и трошоците за сместување во Скопје.
ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ЕДЕН ЦИКЛУС
1 | Отворање на повикот | 18 септември |
---|---|---|
2 | Краен рок за апликации | 15 октомври |
3 | Избор на учесници | 17 октомври |
4 | Подготвителна сесија за 25 избрани учесници (онлјан) | 20 октомври |
5 | Иновациски камп | 26-28 октомври |
6 | Реализација на победничко решение | Октомври 23-Јануари 24 |
СЛЕДНИ ЦИКЛУСИ
Иновациски камп 2 | 17-19 ноември 2023 |
---|---|
Иновациски камп 3 | 15-17 декември 2023 |
Иновациски камп 4 | 09-11 февруари 2024 |
Иновациски камп 5 | 15-17 февруари 2024 |
Проектот „Иновациски кампови во сорабока со Мрежата за искуствено учење“ е реализиран од Здружението LEAD со финансиска поддршка на УНИЦЕФ и Шведска.