Креирање на модел на одржливо училиште

КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА?

Средните училишта во С. Македонија се соочуваат со низа предизвици поврзани со нивната одржливост. 

Во делот на енергијата, во најголем дел училиштата користат фосилни горива  (нафта и гас) и со тоа предизвикуваат со емисии на стакленички гасови (јаглерод диоксид, метан, озон итн.) кои ги предизвикуваат климатските промени и глобалното затоплување.

Училиштата, а особено средните училишта најчесто се пространуваат на големи површини, кои бараат водни ресурси за нивно одржување. Исто така голем дел од стручните земјоделски училишта имаат и сопствени насади, за кои е потребно континуирано наводнување. Најчесто за наводнувањата се користи питка вода во големи количини, што придонесува за загуба на питката вода но и зголемени сметки.

Во делот на управувањето со отпадот, училиштата, посебно оние кои имаа голем број на ученици, продуцираат големи количини на отпад, кои најчесто не се третираат и не се искористуваат.

КОЈ Е ПРЕДИЗВИКОТ?

Предизвикот на овој Инокамп е научно-едукативен, каде што сакаме да создадеме реален модел на (само) одржливо училиште, кое ќе се користи како наставно помагало по предметите во средните училишта. 

Од една страна училиштата ќе добијат начини како да ја зајакнат својата одржливост во наредните години, а друга страна ќе добијат нагледно средство во вид на макета која што ќе се користи во наставата за да се разберат низа на процеси и феномени кои во моментов учениците немаат можност да ги согледаат практично како што се: климатски промени, управување со отпад, искористување на отпад, управување со водни ресурси, искористување на соларна и енергија од ветерот итн.

ЦЕЛ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРЕДИЗВИКОТ?

Целта на овој предизвик е да се креира прототип макета на одржливо училиште кои ги искористува природните ресурси, но и го ре-употребува веќе искористените ресурси и продукти во самото училиште.

Проектот „Иновациски кампови во сорабока со Мрежата за искуствено учење“ е реализиран од Здружението LEAD со финансиска поддршка на УНИЦЕФ и Шведска.