ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ
Иновирај за животната средина
Аплицирај за учество на иновацискиот камп посветен на предизвикот „Искористување на природните потенцијали на Малешевијата во соработка со ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА-НЕГРЕВО“ каде што ќе имаш можност во рок од 48 часа во тим од 5 луѓе да работиш на креирање на најиновативното решение. Победничкиот тим добива 120000 денари за реализација на решението.
ШТО Е ИНОВАЦИСКИ КАМП?
Иновацискиот камп е техничко-технолошки настан за студенти на кој се генерираат нови и возбудливи идеи, справувајќи се со предизвик на заедницата, а во нашиот случај животната средина и климатските промени.
КАКОВ ПРЕДИЗВИК ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА РЕШИМЕ?
Целта на предизвикот е да се креираат едукативни функционални показни средства користејќи ги природните потенцијали на регионот (сонце, вода и ветар) кои ќе бидат составен дел од понудата на Едукативниот центар во надворешниот дел од објектот (дворот).
Детален опис на предизвикот има на следниот ЛИНК.
ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Потребно ти е практично искуство во твоите студии?
Сакаш да бидеш дел од интердисциплинарен тим од мотивирани студенти?
Имаш интерес за дизајнирање едукациски искуства, визуализација на податоци и простори, кодирање, биологија и слично?
Учеството на иновацискиот камп ќе ти овозможи:
- Да развиеш вештини кои не секогаш се учат на факултет (тимска работа, креативност, решавање на проблеми, работа под притисок)
- Да работиш со студенти од различни области, насоки и вештини
- Да учиш од стручни ментори кои ќе бидат дел од Инокампот
- Да стекнеш ново знаење од делот на животната средина и предизвикот на кој ќе работиш
- Да освоиш 120000 денари и да го реализираш победничкото решение
КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ЕДЕН ИНОВАЦИСКИ КАМП?
Инокампот ќе биде практично, иновативно и забавно искуство со времетраење од 3 дена. Инокампот ќе се одржи од 16 до 18 мај во Пехчево и во Берово.
На Инокампот ќе учествуваат 25 студенти, кои ќе бидат индивидуално избрани, а на самиот настан според посебна методологија ќе бидат поделени во 5 тима по 5 учесника.
Интензитетот и динамиката ја одредуваат самите учесници, а ние како организатори ќе се погрижиме да ги имате сите услови за да издржите 48 часа.
Ветуваме неограничено кафе, ограничена храна и пијалоци и неограничено користење на fun зоната на Инокампот.
Инокампот ќе кулминира со Pitching сесии на секој тим пред жири комисија на третиот ден. По завршувањето на сесиите ќе биде прогласен победникот.
За сите учесници ќе бидат обезбедени сертификати.
Генералната агенда на настанот ќе биде следна:
ДЕН 1: Старт во 13.00
Попладне | Запознавање, поделба во тимови |
---|---|
Навечер | Генерирање на идеи |
ДЕН 2: Старт во 09.00
Наутро | Развивање на решенија, прв check-point со ментори |
---|---|
Попладне | Развивање на решенија, втор check-point со ментори |
Навечер | Турнир, Развивање на решенија |
Навечер | Четврт check-point со ментори, развивање на прототипи |
ДЕН 3: Старт во 10.00 крај во 15.00
Наутро | Подготвка на презентации |
---|---|
Попладне | Pitching и избирање на победник |
УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА
Повикот е отворен за сите студенти од природните и техничките науки кои што се запишани на еден од акредитираните универзитети во С. Македонија.
Студенти од општествени науки ќе бидат земени во предвид само доколку имаат специфично искуство во делот на природните и техничките науки како и животната средина, а поврзани со специфичниот предизик
Аплицирањето е со пополнување на следната ФОРМА.
Рокот за аплицирање е 08 мај
КРИТЕРИУМИ | ПОЕНИ | |
---|---|---|
1 | Ниво на вештини кои студентот ги поседува а кои можат да бидат употребени во тимот за време на Инокампот | 25 |
2 | Мотивација за учество | 25 |
3 | Релевантност на студиите со предизвикот на хакатоно | 15 |
Сите трошоци поврзани за време на Инокампот (храна и пијалаци) ќе бидат обезбедени од организаторите.
Студентите кои ќе бидат избрани и доаѓаат надвор од Скопје ќе им бидат покриени патните трошоците и трошоците за сместување во Скопје.
ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ЕДЕН ЦИКЛУС
1 | Отворање на повикот | 11 април |
---|---|---|
2 | Краен рок за апликации | 08 мај |
3 | Избор на учесници | 09 мај |
4 | Подготвителна сесија за 25 избрани учесници (онлјан) | 10 мај |
5 | Иновациски камп | 16-18 мај |
6 | Реализација на победничко решение | мај-јуни 2024 |
Проектот „Иновациски кампови во сорабока со Мрежата за искуствено учење“ е реализиран од Здружението LEAD во партнерство со УНИЦЕФ и со финансиска поддршка на Шведска.