НЕГРЕВО – ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА: Искористување на природните потенцијали на Малешевијата
КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА?
Релативно нов и малку познат за јавноста, Едукативниот центар за зачувување на природата-Негрево е основан во 2017 година и е сместен во старата училишна зграда во селото Негрево кое се наоѓа на 2км од градот Пехчево.
Основната цел на едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси. Главната цел на центарот е да се доближи значењето на природата и биолошката разновидноста на брегалничкиот слив.
Едукативниот центар има уреден двор со елементи за интерактивни активности за деца, млади и возрасни. Посетителите може да ја посетат и „Патеката на Петко и шумските жители-Пехчевска авантура”, која го поврзува Едукативниот центар со локалитетот Јудови Ливади, каде вирее инсектојадното растение муволовка (Drosera Rotundifolia), кое е ендемичен вид за овие простори.
Повеќе информации за едукативниот центар има на следниот линк – https://ecnegrevo.mk/
КОЈ Е ПРЕДИЗВИКОТ?
Едукативниот центар нуди образовни активности пред се за деца и млади преку своите поставки во внатрешниот дел од објектот каде што е претставен биодиверзитетот на малешевија и брегалничкиот регион.
Центарот поседува и голема надворешна површина каде што моментално има лимитирана понуда на едукативни показни средства. Од друга страна регионот каде што се наоѓа центарот е еден од регионите со најмногу сончеви денови во годината во земјата. Понатаму, влажноста, водниот потенцијал и ветровитост во брегланичкиот регион е исто така повoлен.
ЦЕЛ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРЕДИЗВИКОТ?
Целта на предизвикот е да се креираат едукативни функционални показни средства користејќи ги природните потенцијали на регионот (сонце, вода и ветар) кои ќе бидат составен дел од понудата на Едукативниот центар во надворешниот дел од објектот (дворот).
Показни средства можат да бидат макети, модели или содржини кои ќе бидат поставени во дворот на Едукативниот центар.
Показните средства треба да бидат во насока на искористување на природните ресурси кои ги поседува регионот, а пред се сончевата енергија, водата и ветерот. Показните средства треба да имаат едукациска намена и да се користат при посета на деца и млади во центарот.
Проектот „Иновациски кампови во сорабока со Мрежата за искуствено учење“ е реализиран од Здружението LEAD со финансиска поддршка на УНИЦЕФ и Шведска.