ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ Иновирај за животната средина

Аплицирај за учество на иновациските кампови каде што ќе имаш можност во рок од 48 часа во тим од 5 луѓе да работиш на креирање на најиновативното решение. Победничкиот тим добива 120000 денари за реализација на решението.

ШТО Е ИНОВАЦИСКИ КАМП?

Иновацискиот камп е техничко-технолошки настан за студенти на кој се генерираат нови и возбудливи идеи, справувајќи се со предизвик на заедницата, а во нашиот случај животната средина и климатските промени.

КАКОВ ПРЕДИЗВИК ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА РЕШИМЕ?

Предизвиците се следни:

Инокамп 4  – Национален парк Галичица

Креирање модел за достапност на понуди и информации

Инокамп 5 – Хидробиолошки завод Охрид

Визуелизација на „жешките“ точки и посебностите

ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?

Потребно ти е практично искуство во твоите студии?

Сакаш да бидеш дел од интердисциплинарен тим од мотивирани студенти?

Имаш интерес за дизајнирање едукациски искуства, кодирање, дизајн на апликација, промоција и визуелизација, електротехника и слично?

Учеството на иновацискиот камп ќе ти овозможи:

  • Да развиеш вештини кои не секогаш се учат на факултет (тимска работа, креативност, решавање на проблеми, работа под притисок)
  • Да работиш со студенти од различни области, насоки и вештини
  • Да учиш од стручни ментори кои ќе бидат дел од Инокампот
  • Да стекнеш ново знаење од делот на животната средина и предизвикот на кој ќе работиш
  • Да освоиш 120.000 денари и да го реализираш победничкото решение

КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ЕДЕН ИНОВАЦИСКИ КАМП?

Инокампот ќе биде практично, иновативно и забавно искуство со времетраење од 3 дена. Инокампот ќе се одржи од 19 до 21 април во Струга.

На Инокамповите 4 и 5 ќе учествуваат 60 студенти, кои ќе бидат индивидуално избрани, а на самиот настан според посебна методологија ќе бидат поделени во 10 тима по 6 учесника.

Интензитетот и динамиката ја одредуваат самите учесници, а ние како организатори ќе се погрижиме да ги имате сите услови за да издржите 48 часа.

Ветуваме неограничено кафе, ограничена храна и пијалоци и неограничено користење на fun зоната на Инокампот. За секој тим ќе има и мал буџет за крерање на сопствен прототип.

Инокампот ќе кулминира со Pitching сесии на секој тим пред жири комисија на третиот ден. По завршувањето на сесиите ќе биде прогласен победникот.

За сите учесници ќе бидат обезбедени сертификати.

Генералната агенда на настанот ќе биде следна:

ДЕН 1: Старт во 13.00

Попладне Запознавање, поделба во тимови
Навечер Генерирање на идеи

ДЕН 2: Старт во 09.00

Наутро Развивање на решенија, прв check-point со ментори
Попладне Развивање на решенија, втор check-point со ментори
Навечер Турнир, Развивање на решенија
Навечер Четврт check-point со ментори, развивање на прототипи

 

ДЕН 3: Старт во 10.00 крај во 15.00

Наутро Подготвка на презентации
Попладне Pitching и избирање на победник
Попладне Заминување

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА

Повикот е отворен за сите студенти од природните и техничките науки кои што се запишани на еден од акредитираните универзитети во С. Македонија.

Студенти од општествени науки ќе бидат земени во предвид само доколку имаат специфично искуство во делот на природните и техничките науки како и животната средина, а поврзани со специфичниот предизик

Аплицирањето е со пополнување на СЛЕДНАВА ФОРМА.

Рокот за аплицирање е 31 март

Критеримуите за избор се следни:

КРИТЕРИУМИ ПОЕНИ
1 Ниво на вештини кои студентот ги поседува а кои можат да бидат употребени во тимот за време на Инокампот 25
2 Мотивација за учество 25
3 Релевантност на студиите со предизвикот на хакатоно 15

Сите трошоци поврзани за време на Инокампот (пат, храна и пијалаци) ќе бидат обезбедени од организаторите.

ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ЕДЕН ЦИКЛУС

1 Отворање на повикот 1 март
2 Краен рок за апликации 31 март
3 Избор на учесници 3 април
4 Подготвителна сесија за 25 избрани учесници (онлјан) 8 април
5 Иновациски камп 4 и 5 19 – 21 април
6 Реализација на победничко решение април-јуни 2024

 

Проектот „Иновациски кампови во сорабока со Мрежата за искуствено учење“ е реализиран од Здружението LEAD со финансиска поддршка на УНИЦЕФ и Шведска.