ШТО Е ИНОКАМПС?

Проектот Иновациски кампови во соработка со Мрежата за искуствено учење (скратено InnoCamps) има за цел да ги поттикне студентите од природните науки да развијат социјални иновации наменети за решавање на предизвици поврзани со работата на 5 научно образовни институции од Мрежата за искуствено учење.

Во рамки на проектот ќе бидат организирани 6 хакатони (иновациски кампови) секој од времетраење од 3 дена каде што 25 студенти поделени во 5 тима ќе имаат можност да разиваат продукти и протитипи за еден конкретен предизвик. Предизвиците ќе бидат поврзани со работата на научнообразовните институции кои се членки на Мрежата за искуствено учење.

На крајот од секој хакатон, ќе се избира по еден победник, кој ќе добие 2000 ЕУР поддршка за реализација на решението. 

Како додадена вредност, на крајот од проектот ќе се направи образовна програма базирана на искуството од проектот која ќе биде наменета да се спроведува во 6-те научно образовни установи, членки на Мрежата за искуствено учење.

Клучен партнер во проектот е Мрежата за искуствено учење. Мрежата е состановена од: Едукативен центар за зачувување на природата – Негрево, ЈНУ Хидробиолошки завод-Охрид, Ботаничка градина, Народна техника-Скопје и Национален парк – Галичица. 

Проектот е финансиски поддржан од УНИЦЕФ и Шведска.